Кина: Новата варијанта на коронавирусот може да ја отежни организацијата на ЗОИ

27

Кина денеска призна дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да донесе дополнителни тешкотии во организирањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, но ја повтори својата верба во успехот на Игрите.

– Тоа сигурно ќе донесе некои предизвици во борбата против пандемијата. Но, Кина има искуство во оваа област и јас сум апсолутно сигурен дека Зимските олимписки игри ќе поминат непречено и како што е планирано, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Кина во голема мера ја контролираше епидемијата на своја територија благодарение на строгите мерки: многу строги ограничувања на меѓународните летови, задолжителен карантин по пристигнувањето, изолација на случаи на контакт идентификувани благодарение на апликациите за следење патувања.

Животот се врати во нормала пролетта минатата година, а земјата сè уште се соочува со појава на мали, спорадични жаришта.

Игрите во Пекинг ќе се одржат во „балон“ од кој нема да можат да излезат околу 2.900 спортисти, а на трибините нема да има навивачи од странство

Зимските Олимписки Игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.