Усовршувањето на вештачката интелигенција ќе донесе револуционерни промени во геополитиката

40

Шефот на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур изјави дека Кина и Русија работат на усовршување на вештачката интелигенција на начин што може да доведе до револуционерни промени во геополитиката во следните неколку децении.

Мур наведува дека Западот треба да обрне внимание на заканите од квантното инженерство, огромните складишта на податоци и напредокот во развојот на компјутерите, пренесува Ројтерс.

Нашите противници вложуваат пари и амбиции во усовршување на вештачката интелигенција, квантните компјутери, синтетичката биологија, бидејќи знаат дека совладувањето на таа технологија ќе им даде предност“, тврди Мур, кој минатата година стана шеф на МИ6.

Според Мур, технолошкиот напредок во следната деценија би можел да го надмине напредокот постигнат во претходните 100 години.

„Како општество мора да го прифатиме овој факт и неговото можно влијание врз светската геополитика“, рече Мур.