ВИДЕО: Додека мирно спиеш, крокодилот ти лежи над глава

    267

    Приказната вели дека група туристи пред некој ден се соочиле со крокодил на плажата Бока де Игуанас во Халиско, Мексико, додека кампувале, а видеото наметнува заклучок дека нема трагедија бидејќи самиот предатор заспал на половина метар од заспаниот млад човек!

    Видеото го превземале бројни локални медиуми, кои подоцна истакнале дека пријателите на младиот човек ја извршиле спасувачката акција во најголема тишина.

    Интересно, членовите на Државната служба за цивилна заштита и противпожарна заштита од Халиско негираа дека видеото е снимено во таа мексиканска сојузна држава и со тоа ја ставија во прашање автентичноста на снимката, но сепак ветија дека ќе покренат истрага.

    Поради оваа причина, видеото е означено како „лажно“, но сепак завршило дури и во информативните програми на одредени тамошни телевизиски станици.

    Инаку, во таа мексиканска сојузна држава воопшто не е вообичаено да се сретнете со крокодили, навистина на плажите ги има колку сакате, но останува прашањето дали овој навистина само му правел друштво на младичот за време на неговото дремка или, како што вели една од теориите, група шегобијци го пронашле и го влечеле трупот на рептилот и видеото го снимиле како шега.