Со новогодишниот бакнеж, влегуваме во година во која сакаме да бидеме полни со љубов, страст и бакнежи.
Се верува дека отсуството на бакнеж точно на полноќ укажува на осамена година или низа лоши средби. Но, бакнување некого само онака, „колку да се каже“, е полошо од тоа да не бакнете никого.
Страствениот новогодишен бакнеж, исто така, си најде место во популарната литература. Па така, во „Дневникот на Бриџит Џонс“, тој полноќен бакнеж беше моментот што ги обедини Бриџит и Марк Дарси.
Но, ова е само верување, можеби ако сте го бакнале паричникот, ќе бидете во благосостојба цела година. Всушност, ова воопшто и не е лоша идеја.