Брутално претепано момче облечено како Дедо Мраз во Хрватска/ВИДЕО

    875

    Група од неколку млади момчиња и девојки денеска по 15:00 часот го нарушиле јавниот ред и мир покрај реката Сава на шеталиштето во Славонски Брод. Избила масовна тепачка во која, според снимката, претепано било момче кој бил облечен како Дедо Мраз, пренесува 24.satahr.

    „Денес на Бадник нималку не доликува толкаво насилство, како мислат да го прослават Божик“, вели еден од жителите на Брод, кој бил сведок на немилиот настан.

    На социјалните мрежи се шири видео од бруталното претепување на младиот човек облечен како Дедо Мраз.

    Од хрватската полиција потврдиле дека нешто по 15 часот добиле пријава за тепачка на шеталиштето покрај Сава.

    „Денеска, 24 декември, околу 15.15 часот, вработени во ОКЦ Полициско одделение Брод-Посавина добиле пријава за нарушување на јавниот ред и мир (тепачка помеѓу повеќе лица) на улица во Славонски Брод. На местото на настанот веднаш била испратена полиција, која ја потврдила пријавата. Во тек е натамошна работа од страна на полициски службеници за утврдување на фактите и околностите поврзани со наведениот настан, а по завршување на кривичната истрага ќе дадеме целосни информации“, велат од Полициската управа Брод-Посавина.

    Како што пишува 035портал, тој наводно бил нападнат на припадник на хрватската армија. Повредениот имал тешки повреди на главата констатирани во болницата во Славонски Брод.

    Напаѓачот е приведен и предаден на Војната полиција на хрватската Армија, а тамошното Министерство за одбрана го осуди насилството и бара казни за учесниците во бруталната тепачка.

    Инцидентот избил за време на прослава во кафе бар во Славонски Брод на првиот ден од Божикниот празничен викенд во Хрватска.