Бројот на странски туристи во април зголемен за 19,3 проценти

31

Во државава, во април годинава се регистрирани 81 752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски. Бројот на ноќевања изнесува 151 720, при што 28,8 проценти се од домашни, а 71,2 проценти од странски туристи, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупно 62 978 странски туристи, 25 324 се од Турција, 3 254 од Германија, 5 006 од Србија, 2 766 од Грција, 2 319 од Бугарија, 2 116 од Хрватска, 1 892 од Словенија…

Хотелско сместување користеле 76 662 туристи, од кои 24 472 биле сместени во хотели со пет ѕвездички, 40 392 во хотели со четири ѕвездички, 9 840 во хотели со три ѕвездички… Во преноќишта се сместиле 1 218 туристи, 1150 во куќи, станови за одмор и соби за издавање, 596 во бањски лекувалишта, 445 во работнички одморалишта…

Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристи е зголемен за 15,3 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 7,4 проценти, а кај странските за 19,3 проценти. Бројот на ноќевања, пак, е зголемен за 15,2 проценти, кај домашните туристи за 15 проценти, а кај странските за 15,4 проценти.