Братот на двете жени убиени во масакрот во Цетиње бара – Ослободете го човекот што го запре крвавиот пир!

633

Тодор Радуновиќ кој во масакрот во Цетиње ги загуби двете сестри Мила и Александра Радуновиќ, по денешната комеморативната седница од црногорските власти побара Ненад Калуѓеровиќ кој го застрела убиецот Вук Бориловиќ, да биде ослободен од секаква одговорност и властите да не го товарат за кривично дело.

„Ве молам децата што ги има овој човек да не останат по втор пат без татко, ве молам, ве молам, овој човек да не биде обвинет“, рече Радуновиќ и рече дека тоа е херојски чин, пренесе РТЦГ.

Додека Радуновиќ зборуваше, се слушаше одобрување од присутните во салата, а на крај и аплауз за поддршка на неговото барање.