Тешка автобуска несреќа во Бугарија – Автобус со деца од Србија се преврте на автопатот Тракија, десет деца се тешко повредени

218

Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот Тракија кај градот Стара Загора, изјави за Нова ТВ Станимир Станев, заменик главен секретар на бугарското МВР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, инцидентот се случил околу 20:10 часот на 216. км во правец на Софија. Според првичните информации 10 деца се тешко повредени. Полицијата и пожарникарите се на терен. Сообраќајот на овој дел од автопатот е ограничен за да се обезбеди зелен коридор за транспорт на повредените деца до болниците. На местото на настанот пристигнале 5 полициски и 5 екипи на противпожарната служба, како и Итната помош, а многу патнички возачи застанале и помогнале да се извлечат повредените лица и децата од автобусот. Меѓу повредените е и возачот на автобусот Децата од Србија се враќале од одмор на бугарското црноморско крајбрежје.

Засега нема информации за загинати, но има, сепак, тешко повредени, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.