Автопат во државата Мисисипи се подели како последина на ураганот, двајца загинаа, а 10 се повредени

172

Најмалку две лица загинаа, а 10 беа повредени кога седум возила полетаа едно по друго во длабока дупка што беше создадена откако автопатот во руралните области на Мисисипи се подели поради ураганот Ида што мина низ таа област, објавија денеска властите.

Можно е, имено, бурниот дожд да предизвика синоќешен колапс, а возачите можеби едноставно не виделе дека патот пред нив исчезна, изјави шефот на патролата на Мисисипи, Кал Робертсон, пренесе АП.