Шерон Стоун сподели потресна вест за голема семејна трагедија/ВИДЕО

183

Внукот на  Шерон Стоун почина на возраст од 11 месеци, само неколку дена откако беше итно префрлен во болница со целосна инсуфициенција на органите. Шеесет и три годишната актерка ја сподели потресната вест на социјалните мрежи.

Пред само неколку дена, таа ги покани обожавателите да „се молат за чудо“.

„Ривер Вилијам Стоун – 8 септември 2020 година – 30 август 2021 година“, напиша таа во објавата.

Изјавите на сочувство ги преплавија социјалните мрежи, бројни starsвезди и обожаватели го изразија своето неверување поради оваа трагедија.

Стоун ги замоли фановите во петокот наутро да се помолат за малата Ривер. Со слика на мало дете опкружено со медицинска опрема во нејзиниот болнички кревет, актерката напиша:

„На мојот внук, Ривер Стоун, денес му открија дека има целосено му откажуваат органите“.

Ривер се роди во септември 2020 година и е син на братот на актерката, Патрик.

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)