
Најмалку осум лица загинаа, а околу 35 се повредени, од кои четворица се во критична состојба, кога меѓуградски автобус излетал од автопат во западниот турски округ Афјонкарахисар, изјави гувернерката Кубра Гуран Јигитбаши за државните медиуми.
Возачот изгубил контрола над возилото, изјави Јигитбаши, пренесе ТРТ.
Патничкиот автобус сообраќал од Дијарбакир на истокот на земјата кон Бодрум на запад, објави Ројтерс.