Конечно утре превозниците на средба во Градот, штрајкот се одложува

Со приватните превозници треба да се најде решение смета Арсовска, но не на штета на Скопје

194

Приватните превозници утре во девет часот ќе имаат средба со претставници на град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска. Како што кажа за весникот ВЕЧЕР Јовица Зафировски  член на новото координатовно тело на приватните препозници очекуваат конструктивен разговор. Градоначалничката Данела Арсовска во интервју за МИА  смета дека  со приватните превозници треба да се најде решение, но не на штета на Скопје. Таа вели дека со приватните автобуски треба да се разговара и за сите проблеми да се најде решение, меѓутоа тоа во ниту еден случај не смее да биде на штета на Градот Скопје, а Градот и скопјани претрпеа сериозна штета од нивните постапки и однесување

  Приватните превозници утре во девет часот ќе имаат средба со претставници на град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска. Како што кажа за весникот ВЕЧЕР Јовица Зафировски  член на новото координатовно тело на приватните препозници очекуваат конструктивен разговор.

-На нашето барање за средба добивме позитивен одговор и денеска очекуваме да се најде решени, бидејќи финансиски сме исрпени,на работ на егзистенција сме, оти  веќе три месеци не работиме- вели Јовица и дополнува дека најавениот штрајк на превозниците што беше закажан за во вторник најверојатно нема да се случи.

Приватните превозници на 30 јануари излегоа пред управната зграда на ЈСП Скопје од каде што побараа средба со директорот Александар Стојковски за да им даде објаснување зошто шест месеци немаат земено ниту денар од средствата што им ги должи претпријатието.

Градоначалничката Данела Арсовска во интервју за МИА  смета дека  со приватните превозници треба да се најде решение, но не на штета на Скопје. Таа вели дека со приватните автобуски треба да се разговара и за сите проблеми да се најде решение, меѓутоа тоа во ниту еден случај не смее да биде на штета на Градот Скопје, а Градот и скопјани претрпеа сериозна штета од нивните постапки и однесување.

Арсовска вели дека понудата на Градот за ангажирање на приватните превозници преку јавните повици било во најдобар интерес на сите, но бидејќи никој не се пријавил на нив таа тема, според неа, веќе е затворена.

– Објавивме јавни повици на коешто викавме сите коишто имаат намера и коишто декларативно кажуваат дека и претходно чесно работеле и чесно ја вршеле својата дејност и сега да пристапат кон тоа и да можат да ја работат чесно работата во којашто практично се вложиле себеси или инвестирале за да ја вршат како дејност. Меѓутоа, за жал, никој од нив не се охрабри, не се појави на тој јавен повик, со што сметам дека оваа тема е и затворена, истакна Арсовска.

Околу тоа дали сепак ќе се бара некое решение или превозниците ќе останат колатерална штета во целата приказна, Арсовска вели дека пред да се предизвика целиот хаос во градот требало да се размислува за реперкусиите за сите граѓани на Скопје.

– Затоа што некој свесно ги довел во состојбата во која што се, сега имаме свесно креиран предизвик во Градот Скопје со којшто ЈСП се обидува да се справи и да доведе до тоа да имаме примарно квалитетна услуга за скопјани во делот на јавниот превоз, додаде Арсовска.

Таа потенцира дека во овој момент Градот Скопје е фокусиран да најде квалитетно системско решение и да изготви реформа во јавниот превоз, којашто, според неа, мора да биде нешто што ќе го опфати целиот град и сите места каде што сега или ретко или пак воопшто не сообраќаат автобуси. Нагалсувајќу дека повеќе од 40-тина година не е направена сообраќајна студија во Градот, Арсовка вели дека на скопјани треба да им се понуди еден концепт со којшто трајно ќе биде решено сето она што го имале како проблем или како предизвик.

Во врска со одлуката на градскиот Совет да не го поддржи предлогот за задолжување на Градот Скопје за набавка на нови еколошки автобуси, Арсовска смета дека во овој случај одговорноста паѓа на советниците, кои ги прават тие „кочници“ од политичка природа.

– Јас не верувам дека кој било од тие советници лично смета дека не е добро скопјани да добијат ефикасен и еколошки јавен превоз, рече Арсовска, изразувајќи уверување дека на следната седница на градскиот Совет, што трба да се одржи кон крајот на месецов, советниците ќе го подржат тој предлог и дека до крајот на годината ќе може да го исполни ветувањето дадено на скопја за обебзедување еколошки автобуси.