„На доларот му се одбројува“: Ја губи довербата?

161

Почесниот професор на Бизнис школата Стерн во Њујорк, Нуриел Рубини е економист кој ја предвидел финансиската криза во 2008 година и на тој начин го добил прекарот Доктор Пропаст.

Тој предупреди дека преговорите за избегнување на плаќањето на американските обврски може да се пролонгираат, што, во отсуство на договор за горната граница на долгот, ќе ги погоди финансиските пазари и ќе ја поткопа довербата во доларот на подолг рок.

„Можеби ќе се постигне договор во последен момент. Или е можно да не постигнат договор. Ако е така, тогаш пазарот ќе падне“, изјави Рубини за „Bloomberg TV“ на маргините на Катарскиот економски форум во Доха.

Рубини, кој е најпознат по своите предвидувања за претходната економска криза, рече дека геополитичките тензии од Украина до Иран, заедно со влошувањето на односите меѓу САД и Кина, ќе бидат голем предизвик за глобалната економија оваа година.

Тој смета дека инвеститорите, под влијание на повисоките цени на нафтата и гасот, веројатно ќе ги користат своите пари за инвестиции насочени кон технологијата, бидејќи државните хартии од вредност се преценети.