Дојде вашето време: Венера во Близнаци ќе ја помести љубовта од мртва точка, незаборавна конекција на повидок

2679

Венера, планетата на љубовта, на 24 мај влегува во знакот Близнаци, знакот на комуникација, пишување и брзина и ќе биде во овој знак до 17 јуни. Венера ја симболизира љубовта, убавината и парите што ги имаме во џебовите. Обично планетата претставува „вредност“.

Значи, знакот низ кој патува има тенденција да означува што најмногу го цениме и дава водич за тоа како би можеле да и пристапиме на љубовта за време на нејзиното време во тој знак. Сепак, сето тоа навистина зависи од тоа која од 12-те астролошки куќи во вашата родна карта е управувана од Близнаци.

Во текот на изминатите неколку недели, со Венера во Бик, нашите денови беа обоени со романса и страст. Можеби бевме бавни во некои наши потези и чекори. Но, сега е време за состаноци, шеги, игри со мачки и глушец. Во исто време, може да очекуваме откривање на некои вистини или споделување информации, а може да се случи и да споделите тајна со некого.

Како влегувањето на Венера во Близнаци ќе влијае на вашиот знак?

Овен
Во претходниот период бевте фокусирани на финансиите, а сега се вртите кон љубовта и врските, пишува „Style caster“. Немојте да се изненадите ако телефонот ви светне со повици и пораки од поранешни партнери и повторно поврзување со нив. Без разлика што ќе се случи, ќе имате навистина интересни разговори.

Бик
Иако внимавате со парите, во наредниот период малку ќе се „олабавите“. Вистина е дека можеби ќе трошите повеќе на себе отколку на другите, а што се однесува до љубовта, може да му дадете шанса на некој што не е баш ваш тип. Во овој период од годината ќе бидете особено расположени и ќе ве краси позитивна енергија.

Близнаци
Додека Венера патува низ вашиот хороскопски знак, ова е најдобро време за вас. Ќе привлечете многу повеќе пари и љубов без да кренете прст. Каде и да се појавите, ќе го привлечете вниманието кон себе дури и ако тоа не е ваша намера. Најдобро време е да се претставите пред јавноста во вашата најзабавна верзија.

Рак
Сега ќе ја добиете потребната бодрост, но и Венера во Близнаците ќе ве затвори. Ќе има врска некаде помеѓу вашата духовност и вашиот внатрешен емотивен свет. Затоа е можно да се дистанцирате од пријателите и блиските луѓе. Ќе размислувате за работи кои ви се случиле во блиското минато.

Лав
Овој хороскопски знак во овој период може да го очекува многу забава, дружење, запознавање нови луѓе и многу возбудувања. Можете да очекувате и покани за разни настани како што се свадби и крштевки. Понекогаш, неочекувано, може да се впуштите во нова и забавна авантура со вашите пријатели.

Девица
За разлика од Лавот, Девицата ќе се фокусира на работата и работните обврски. Ќе има бројни шанси да се поврзете со клиенти и луѓе од деловното опкружување, а можеби и да најдете врска помеѓу работата и задоволството. Ова се однесува на работна романса во четирите ѕида на канцеларијата. Бидејќи транзитот е во вашето поле на рекламирање, може да добиете промоција или јавна изјава за љубов.

Вага
Љубовта можете да ја најдете на многу места, но акцентот сепак е на патувањето. Дали ќе сретнете некого на кратко или долго патување зависи од вас. Има нешто шармантно во вашиот престој на отворено, поради што ќе привлечете луѓе од спротивниот пол. Романтика е вашето второ име во овој период.

Скорпија
Во овој период енергијата на Близнаците ќе ве придвижи кон нешто мистериозно и шармантно. Ќе имате способност да ги препознаете оние луѓе кои ви посакуваат добро, но и да превидите нечии лоши намери. Во овој период, можно е да бидете на телефон малку повеќе од вообичаено, а воопшто и видео повици дури и преку компјутер.

Стрелец
Ова е идеален период за вас бидејќи Венера се движи низ вашето поле на љубов и љубовни врски. Овој пат може да ви приреди и некои изненадувања, а никогаш не знаете каде ќе ја сретнете вистинската личност. Ова е показател дека ги менувате местата каде што излегувате и каде одите. Она што е сигурно е дека ќе имате многу додворувачи.

Јарец
Венера во Близнаци ќе го префрли вашиот фокус од работа на вашите секојдневни љубовни потфати. Личност од спротивниот пол може да дојде кај вас во сон, додека во реалноста може да добиете интересни подароци како показател за наклонетост. На почетокот сето тоа ќе ви изгледа безопасно и банално, но всушност ќе пукате од гордост.

Водолија
Напуштајќи го Бикот и вашето семејно поле, Венера во Близнаци сега ќе ви донесе период на забавни времиња. Ќе одговорите со „да“ на секоја покана, дури и од познаници кои сакаат да ви се зближат. Во исто време, ова може да биде и добар период за да остварите добри партнерства.

Риби
Сега е време за појава на нови симпатии. Таа неочекувана љубов ќе ви донесе и фокусирање на семејната љубов и односите во неа. Повеќе ќе сакате да се дружите со роднините и семејството, па сами ќе организирате скари и дружење во природа. Времето е идеално да го разбудите детето во себе, но и да се дружите со најмладите луѓе со кои сте опкружени.