Српски министер: „Ја победивме инфлацијата“ – податоците на Евростат покажуваат друго

49

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ вчера изјави ддека „ја победиле инфлацијата, бидејќи цените на мало почнуваат да паѓаат“, соопшти неговото министерство.

„Зад нас се тешки недели, можеби најтешките во овој век, но и во овие околности државата мора да си ја заврши работата и не смее да запре. Изминатава година водевме жестока битка со високата инфлација увезена од Источна Европа и денес можам слободно да кажам дека ја добивме таа битка. Трендот на раст на цените е запрен и цените полека почнуваат да паѓаат“, рече тој.

Тој оцени дека трендот на раст на цените е запрен и дека тие полека почнуваат да се намалуваат, што најдобро се гледа по големиот број „акции“ во маркетите и смета дека овој тренд наскоро ќе стане траен.

Спротивно на тоа, податоците на Евростат велат поинаку

Наспроти тоа што вели министерот, Евростат пред неколку дена објави дека Србија во април имала највисока инфлација во регионот, а само две земји во Европа забележале повисока стапка на инфлација.

Според податоците на Евростат, најниска стапка на инфлација од 8,6 отсто во нашиот регион во април има Црна Гора, потоа Хрватска со 8,9, Словенија со 9,2, Македонија со 12 и Србија со 14,8 отсто, додека во Босна и Херцеговина, инфлацијата во март изнесуваше 10,3 отсто.