Иако постои само 11 години, германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, сосема заслужено обезбеди пласман во полуфиналната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Иако ја добија аутсајдерската улога пред да започне завршниот турнир во Лисабон, фудбалерите на РБ Лајпциг беа далеку подобар противник во сите 90 минути и сосема заслужено со 2:1 ја добија 1/4 финалната пресметка против шпанскиот гигант Атлетико (М). Бундеслигашот дојде во водство со погодокот на шпанскиот интернационалец Дани Олмо, а на 1:1 израмни најскапата аквизиција во историјата на Атлетико (М), Јоао Феликс, кој успешно го изведе ударот од белата точка. Погодокот вреден полуфинале беше дело на репрезентативецот на САД, Тајлер Адамс.