Атлетската федерација на Русија и плати казна од 6,3 милиони долари на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) со цел да не бидат исфрлени од оваа организација.

Руската федерација имаше рок до утре да плати пет милиони долари казна заради кршење на антидопинг правилата и уште 1,3 милиони долари за трошоците за истрагата, програмите, контролите и друго, откако го пропушти првиот рок за плаќање кој беше до први јули.

Средсктават ги обезбеди руското Министерство за спорт, откао федерацијата соопшти деке не може да ги собере потребните пари за да ја плати казната.

Министерството соопшти дека и дало на федерацијата еднократна субвенција за развој на спортот, вклучувајќи го и враќањето на долгот кон Светската федерација, но не е прецизирано колкав износ е префрлен.

Откако Русија го пропушти првобитниот рок за уплата, Светската атлетска федерација ја замрзна дозволата на руските атлетичари да се натпреваруваат како неутрални спортисти на меѓународните натпреварувања се додека не им се уплатат парите и додека не се претстави планот за антидопинг реформи. Рокот за да се предложи планот за антидопинг реформи е до 31. август.