Колку ќе чини руската вакцина за меѓународниот пазар?

259

Цената на руската вакцина против коронавирусот за меѓународниот пазар на почетокот ќе биде најмалку 10 долари за две дози, изјави Алексеј Репик претседавач на бордот на директори на „Р-Фарм“.

„Според нашите проценки, цената ќе биде најмалку 10 долари за две дози на пазарот за извоз“, рекол Репик за ТВ каналот „Русија 24“.

Според Репик, првите серии на вакцината најверојатно ќе бидат поскапи, а вакцината ќе стане поевтина кога нејзиното производство ќе достигне доволен индустриски обем.

Русија планира да направи пет милиони дози на вакцини против коронавирусот месечно во декември и јануари, изјави вчера директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и макробиологија „Гамалеј“, Александар Гинтсбург.

„Според планот се очекува дека компаниите ќе го достигнат својот полн капацитет во декември или јануари. Капацитетот треба да биде околу пет милиони вакцини месечно, а можеби и повеќе“, изјави Гинтсбург за медиумите.