Богатите клубови од Саудиска Арабија не се единствените кои моментално покажуваат интерес за крилниот напаѓач од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Рахим Стерлинг. Репрезентативецот на Англија не е во добра форма и затоа гласни се шпекулациите дека ќе биде продаден ова лето, а изминатите неколку дена интерес за неговите услуги покажуваат и челниците на Њукасл.