Светот на криптовалутите очекува важен настан оваа недела бидејќи наградата за копање на биткоини ќе се преполови веројатно на 19-ти или 20-ти април.

Според сегашните прогнози на виенската берза за криптовалути Bitpanda, таканареченото „преполовување“ ќе се случи во сабота на 20 април по два часот по полноќ.

Споменатото „преполовување“ е запишано во кодот на Биткоин и се случува на секои четири години.

Во светот има само 21 милион биткоини и оваа бројка е практично невозможно да се промени, така што намалувањето на наградата за копање би требало да создаде поголем недостиг и дополнително да ги зголеми цените на биткоинот, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Копањето на биткоин станува сè потешко, а „Statista“ известува дека целиот биткоин ќе биде „миниран“ до 2040 година.