Хокејот како спорт не е толку популарен на Балканот, но, без разлика на тоа, одредени хокеарски легенди се многу популарни насекаде низ светот, па и кај нас. Тоа секако е случај со 63-годишниот Вејн Грецки.

Грецки се смета за најдобар хокеар во историјата. Канаѓанецот е водечки стрелец и најдобар асистент во историјата на НХЛ, а во текот на кариерата четири пати го освои Стенли купот.

Славниот Канаѓанец има пет деца, а најголемо внимание привлекува неговата највозрасна ќерка. Станува збор за 35-годишната Паулина Грецки, која е позната инфлуенсерка и модел. Таа изгради успешна манекенска кариера со повеќе од милион следбеници на Инстаграм.

Манекенката е во брак со шесткратниот светски шампион во голф Дастин Џонсон, но е позната и по своите пикантни фотографии. Така еднаш на Инстаграм објави фотографија на која е како од мајка родена. Таа ги покри интимните делови со рацете и нозете, а на главата носеше капа. Очигледно провокативните фотографии со кои таа ги мами машките погледи на социјалните мрежи не му пречат на нејзиниот сопруг.