Во потрагата по чудовиштето од Лох Нес, ќе се бара помош и од НАСА

327

Центарот Лох Нес побара помош од американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) во нова потрага по чудовиштето од Лох Нес во Шкотска.

Оттаму додаваат дека се надеваат оти центарот со помош на социјалните мрежи ќе допре до луѓето од НАСА, а нивните експерти ќе учествуваат во потрагата по чудовиштето.

„Се надеваме дека експертите на НАСА би можеле да имаат некоја напредна технологија за снимање за да го скенираат езерото“, рече Тод.

Во август минатата година беше организирана една од најголемите потраги во историјата по чудовиштето „Неси“, во која учествуваа стотици луѓе.

Оние кои ја следеа акцијата од брегот рекоа дека не забележале ништо необично, а други кои отишле со брод и користеле акустична опрема изјавиле дека „во неколку наврати слушнале неидентификуван шум“, но и дека „доцна сфатиле“ дека уредот за снимање звук не е вклучен, објави Би-Би-Си.

Приказните за чудовиштето постојат со векови, но модерниот мит за Неси започнал во 1933 година кога директорката на хотелот „Друмнадрохит“, Алди Мекеј, изјавила дека видела суштество слично на кит.

Оттогаш се организираат потраги по чудовиштето „Неси“, но досега ниту една не вродила со плод.