EPA-EFE/SHAWN THEW

Шампионатот во Формула 1 продолжи, а Макс Верстапен се врати во победничкиот ритам. Минатава недела се одржа трката за Големата награда на Канада, од тимот на Ред бул се радуваа, додека Ферари целосно разочара.

Верстапен славеше пред Ландо Норис од Мекларен и Џорџ Расел од Мерцедес. Расел ја имаше пол-позицијата и заврши на подиумот, додека неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, се протна до четвртото место. Петтата позиција му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а бодови освоија и двајцата возачи на Астон Мартин, Фернандо Алонсо (шести) и Ленс Строл (седми).

Но, сите зборуваат за катастрофалниот викенд на Ферари, кое го уништи сето она што го направи пред две недели, во Монако. По лошите квалификации на Шарл Леклер и Карлос Саинц, тоталното фијаско продолжи и на самата трка. Двајцата возачи на Ферари не ја завршија трката, па италијанскиот тим остана без бодови во Канада.

Трка за заборав имаше уште еден возач на Ред бул, Серхио Перез, кој, исто така, не ја заврши трката за Големата награда на Канада.

Возбудувањата во Формула 1 продолжуваат на 23 јуни, за кога е закажана трката за Големата награда на Шпанија.