Ракометарите на Вардар славеа против Еурофарм Пелистер со 24:20 и се вратија во трката за титулата во Суперлига. По израмнетото прво полувреме, во вториот дел домаќинот одигра за нијанса подобро и на крајот славеше со плус четири.

Ова е прв пораз за Пелистер оваа сезона во Суперлигата, па сега разликата меѓу двете екипи е само два бода, на шест кола пред крајот.

  • Славеше екипата која што повеќе ја сакаше победата. На почетокот промашивме многу зицери, но во последните пет минути бевме непогрешливи и во одбраната и во нападот. Не смеевме да си дозволивме да бркаме гол-разлика, бидејќи игравме против сериозна екипа со сериозен играчки кадар. Затоа сум задоволен од овој триумф, истакна тренерот на Вардар, Владо Недановски.