Трагедија во Италија: Питбули изгризале бебе до смрт – повредена е и мајката

433

Петнаесетмесечно бебе во понеделникот наутро во италијанскиот град Салерно било нападнато и изгризано од два питбула, а малото момче за жал починало од повредите, јавуваат италијанските медиуми. Повредени се и мајката и чичкото на момчето кои се обиделе да го одбранат, но тие не се во животна опасност.

Кучињата го нападнале детето во дворот на селската куќа.

Според новинската агенција АНСА, според првичната реконструкција, малото момче било во прегратките на својот чичко кога, излегувајќи од куќата, две кучиња го каснале детето, буквално откинувајќи го од рацете на човекот.

Кучињата се во сопственост на пријатели од семејството на детето, кои повеќе не живеат таму, туку ги оставиле кучињата. Кучињата биле пуштени на слобода во дворот од семејната куќа, а тие го нападнале детето бидејќи го гледале или како играчка или како закана.

Паола, мајката на детето, се преселила во Камполонго по несогласувањата со нејзиниот сопруг, каде изнајмила дел од селска куќа каде живеела сама со својот син.