Една недела откако српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја прекина соработката со својот тренер Горан Иванишевиќ, а во медиумите сè уште се шпекулира која е главната причина за таквата одлука.

Овој пат свој осврт за нивната разделба даде тенискиот аналитичар Крег Шапиро. Тој наведе две причини. Првата е наводно кавгата на Индијан Велс бидејќи Иванишевиќ бил незадоволен од напорите на српскиот тенисер на тренинзите. Ѓоковиќ го заврши тој турнир со шокантен пораз од Италијанецот Лука Нарди, тогаш 123-ти играч во светот. Другата причина е несогласувањето околу распоредот. Според истиот извор, Ѓоковиќ размислувал да го прескокне Вимблдон за да биде максимално подготвен за Олимписките игри во Париз и ловот на единствениот голем трофеј што му недостасува. Иванишевиќ бил против прескокнување на турнирот кој Ѓоковиќ го освои седум пати.

Фаворити за наследници на Иванишевиќ се поранешниот селектор на Србија, Ненад Зимоњиќ, сегашниот селектор Виктор Троицки, како и поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Марјан Вајда.