„ТАТО ЈА УБИ МАМА“: Брутално убиство на сред улица во Грција, случајни минувачи шокирани ја гледале сцената

413

Грчката полиција уапси албански државјанин кој вчераутро на сред улица во Мениди и пресудил на сопругата со повеќе убодни рани, која се развела од него затоа што бил насилен со повеќе убодни рани.

Случајните минувачи шокирани гледале како девојче му телефонирало некому, најверојатно на нејзиниот брат велејќи: „Тато ја уби мама!

– Едно мало девојче истрча овде и рече: „Можеби е мајка ми“. Неутешно плачеше – изјавила жената која била сведок на потресната сцена. Детето потоа на полицијата и покажало фотографија од мајката, врз основа на која го утврдиле идентитетот на несреќната жена, која починала од рацете на насилниот сопруг, кој со години ја малтретирал, пренесе СиЕнЕН.

– И дала фотографија на полицијата и рекла дека мајка и не отишла денеска на работа и прашала дали татко и ја убил – рекла видно потресена жена. Мештаните велат дека парот неодамна купил куќа во овој град.

-Девочето уплашено зборуваше на телефон велејќи дека ‘тато веројатно ја пресретнал мама на пат на работа’, мислам дека му се јавувала на нејзиниот брат – раскажуваат мештаните.

Несреќната жена била пронајдена со нож забоден во стомакот. Полицијата набрзо успеала да го лоцира нејзиниот сопруг, кого во минатото повеќе пати го пријавувала за насилство.

Пријавата за прв пат ја поднела на 13.04.2013 година, бидејќи прекршил забрана за задржување која му била изречена поради семејно насилство. Осомничениот потоа бил приведен и одведен кај обвинител.

Со години немало пријави, а потоа на 18.09.2022 година жртвата се јавила во полиција и повторно го пријавила сопругот за закани, нанесување физички повреди и психичко насилство. Повторно бил уапсен и испрашуван. Потоа, при увид во случајот, се дозна дека пред речиси десет години му било забрането да живее со неа, но во 2018 година таа му простила и го пуштила да се врати во нејзиниот живот.