Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, го откажа настапот на Мастерсот во Мадрид.
Српскиот ас се одлучи да се повлече од турнирот што и не е изненадување, па улогата на прв носител ќе ја има италијанскиот тенисер, Јаник Синер.
Ѓоковиќ се очекува да се врати на турнирот во Рим кој се игра од 8 до 19 мај.