Специјализирана смотра на шарпланинци и коњи на Гумење

54

Во организација на коњичкиот клуб „Мусица“, а под покровителство на Општина Крушево, в недела, во 11 часот на Гумење ќе се одржи специјализираната смотра на шарпланинци и коњи „Меморијал Тоше Проески”.

– Повторно имаме можност да присуствуваме и да се восхитуваме на македонските автохтони шарпланинци и коњи. Секоја нивна изложба сама по себе е уникатна и единствена – соопштија од Општина Крушево.