Словачкиот премиер Роберт Фицо би можел да биде целосно здрав до крајот на годината

53
CZECH REPUBLIC DIPLOMACY V4

Словачкиот премиер Роберт Фицо, според прелиминарните проценки, би можел да биде целосно здрав до крајот на годината, изјави денеска Јан Рихтер, шеф на пратеничката група Смер во словачкиот Парламент.

Како што изјави за РТВС, целосно закрепнување значи дека и премиерот ќе ја помине и рехабилитацијата, објави Словачка Правда.

„Ситуацијата е сè уште многу сериозна“, рече Рихтер, додавајќи дека Фицо покажува одреден напредок.

Тој рече дека мора да има верба дека нешто неочекувано нема да се случи.

Рихтер нагласи дека е важно да се запамети дека степенот на повредите на Фицо е таков што би било неодговорно да се очекува „да се врати брзо“.

Факултетската болница со поликлиника ФД Рузвелт Банкса Бистрица, каде е хоспитализиран Фицо денеска на Џ соопшти дека здравствената состојба на Роберт Фицо одговара на прогнизите на конзилиумот.

Контролните прегледи ќе продолжат и утре, соопштија од болницата.

На 15 мај, 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо, кој веднаш беше приведен од полицијата.

Словачкиот премиер во тешка состојба е пренесен во болницата во Банска Бистрица каде му е извршена операција.

Цинтула е во притвор, а се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор, пренесува Танјуг.