Голем скандал се случи во Хрватска на ракометен натпревар меѓу Нексе и Загреб. На седум секунди до крајот на првото полувреме, натпреварот бил прекинат.

Словенечкиот репрезентативец Марко Безјак и играч на Нексе при напуштање на теренот го нападнал делегатот на натпреварот, Анте Јосиќ, кој на крајот завршил во болница. Натпреварот веднаш бил прекинат. Паузата траела половина час, по што судиите најавиле дека нема да има продолжение на натпреварот.

Се уште не се познати деталите за состојбата на делегатот на овој натпревар.