EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Настапот на вториот светски рекет, Италијанецот Јаник Синер, на Ролан Гарос е под знак прашалник.

Турнирот стартува на 26 мај, а како што пишува „Газета дело Спорт“, Синер наводно сè уште не закрепнал од повредата на колкот што ја заработи во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид против Русинот Карен Хачанов. Италијанецот го доби тој меч со 5:7, 6:3, 6:3, но реши да се повлече пред четвртфиналето. После тоа, 22-годишниот Синер го пропушти и турнирот од Мастерс серијата во Рим.

Италијанските медиуми пишуваат дека Синер моментално е на рехабилитација во тренинг центарот на Јувентус во Торино, а потоа по тестовите и разговорите со лекарите ќе донесе одлука за настап на Ролан Гарос.