Чешката ММА ѕвезда, Јиржи Прочаска, на 13 април во Лас Вегас го нокаутира Александар Ракиќ, а по неговиот триумф три дена реши целосно да се одвои од луѓето и модерниот свет.

Чешкиот Самурај наскоро би можел да добие уште една шанса да ја нападне титулата што му ја одзеде Алекс Переира во ноември минатата година, но до тогаш ќе изврчува помалку чудни ритуали, кои јавно ги сподели.

Прочаска поминува цели три дена во целосен мрак. Во тој период не јаде ништо, ниту пак има контакт со надворешниот свет.

На овој начин чешката ММА ѕвезда се бори со „внатрешни демони“ и истакнува дека ова е вистински тренинг за неговиот ум. Со себе зема само вода.

  • Не зборувам премногу за тоа бидејќи тоа е моја лична работа. Имам само вода. Многу е подобро да се чувствувате кога не јадете храна бидејќи ги чувствувате сите процеси во телото. Умот работи многу и во три денови во темнина се соочуваш со сите твои демони, истакна Прочаска по неговиот прв пат во темна соба.

Сега повторно се одлучил на истиот потег. Очигледно тоа го зајакнува и му помага психички да се опорави од сите притисоци кои ги носат подготовките, но и самата борба.

Јири Прочаска е дефинитивно поинаков борец од сите други. Се труди да живее како вистински самурај, тренира како јапонски воин, а тоа секогаш му носело резултати во претходните години. Сега тој е подготвен да се врати на тронот на УФЦ. Дефинитивно има многу време пред него бидејќи има само 31 година и нема сомнеж дека повторно ќе го гледаме во атакот за шампионската титула.

Чехот во професионалната кариера има биланс од 30 победи, четири порази и едно реми.