Санкционирани 214 непрописно паркирани возила во Центар

52

JП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција изминатата седмица санкционирале 214 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 03.06. до 09.06.2024 година, со помош на нивните специјални возила „пајак“ биле отстранети 110 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 104 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и да се реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.