На прашањето зошто објектот стои заклучен од Агенцијата за млади и спорт, рекоа дека тие само ја реконструирале салата и ја предале на Општина Карпош, па за одговор препратија до локалната самоуправа. Од Општина Карпош одговорија дека салата требало да биде доопремена.

– За да биде пуштена во употреба салата Партизан, потребно е доопремување. Пред сè, треба да се поврзе на греење и да се постават радијатори. Потоа треба да се набават кошеви, рипстоли, греди, и друга спортска опрема која треба да ја испорача Агенцијата за спорт. Општина Карпош во меѓувреме има распишано тендер за осветлување на спортската сала, потенцираа од локалната самоуправа

 

Салата „Партизан“ во Карпош е заклучена и не се користи, иако свечено беше пуштена во употреба на крајот на декември минатата година. Тогашниот премиер Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, истакнаа дека по повеќе од 15 години, скопјани ќе можат да се рекреираат во овој објект. Но, ниту тогаш, ниту сега не се знае кој ќе стопанисува со салата која е заклучена, дали тоа ќе биде Општина Карпош или приватна фирма како што беше претходно, кога таа пропадна.

На прашањето зошто објектот стои заклучен од Агенцијата за млади и спорт рекоа дека тие само ја реконструирале салата и ја предале на Општина Карпош, па за одговор препратија до локалната самоуправа.   

Од Општина Карпош одговорија дека салата требало да биде доопремена.

– За да биде пуштена во употреба салата Партизан, потребно е доопремување. Пред сè, треба да се поврзе на греење и да се постават радијатори. Потоа треба да се набават кошеви, рипстоли, греди, и друга спортска опрема која треба да ја испорача Агенцијата за млади и спорт. Општина Карпош во меѓувреме има распишано тендер за осветлување на спортската сала – потенцираа од локалната самоуправа.

Спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ во населбата Карпош 4, или позата кај скопјани како „Партизан“ е изградена во 1969 година, како донација на француската влада за обнова на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963.

Салата во 2005 година од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали беше дадена под концесија на 30 години на фирмата „Сенгруп“. Но, наместо да ја заживее, таа целосно пропадна, беше разурната, запалена, искршена, затрупана со бетон, цигли, ѓубре, шут, стакло и наликуваше дека во секој момент може да се урне.

Агенцијата за млади и спорт објектот почна да го реконструира во април 2022, а во септември лани веднаш до салата почнаа градежни работи и за изградба на затворениот базен.

(А.П.)