Македонската ракометна репрезентација одбра група по мерка за Светското првенство, до 20 години, кое ќе се одржи во јуни (19 до 30) во Скопје.

Како домаќин на турнирот, нашата репрезентација чекаше ривали од вториот шешир, а исто така имаше право да избира во која група ќе игра на турнирот во македонската престолнина.

Последна беше извлечена Ангола како селекција од првиот шешир, па Македонија како домаќин реши да се најде во групата Х. Покрај Ангола, која влегува како фаворит, останатите две селекции кои ги добивме се Исланд и САД.

Во останатите групи ќе се соочат:

Група А: Романија, Холандија, Бразил, Иран

Група Б: Швајцарија, Египет, Тунис, Чиле

Група Ц: Унгарија, Кореа, Аргентина, Мексико

Група Д: Данска, Норвешка, Јапонија, Кинески Таипеи

Група Е: Шведска, Чешка, Кина, Алжир

Група Ф: Франција, Германија, Шпанија, ИХФ

Група Г: Португалија, Црна Гора, Гвинеја, Узбекистан

Група Х: Ангола, Македонија, Исланд, САД