Македонската женска ракометна репрезентација со победа и заверен пласман ги завршија евроквалификациите, откако славеа над Литванија на домашен терен со 34:24.

„Црвено-жолтите“ девојки со стил го заверија пласманот на континенталното натпреварување во меч во кој немаше голем императив за победа, но факт е дека сите покажаа максимално залагање и огромна желба за триумф.

Најефикасени во нашиот состав беа Ризоска и Седлоска со по шест гола, додека на спротивната страна Арчишевскаја запиша десет погодоци.