EPA-EFE/MAST IRHAM

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ (36) ќе се пензионира по Олимписките игри во Париз, тврди поранешниот играч и тренер на Енди Мареј, Марк Петчи.

Ѓоковиќ сезонава игра во лоша форма, нема освоено ниту еден турнир, а уште пред сезоната од неговиот табор потенцираа дека Олимписките игри се главниот фокус во 2024 година.

Имено, тоа е единствениот златен медал што му недостига на Ѓоковиќ во неговата богата кариера. Досега Ѓоковиќ има освоено бронза на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, но во Лондон, Рио де Жанерио и Токио не ни дојде до борбата за медал. Токму затоа, Петчи зборуваше на социјалната платформа „Х“ и е убеден дека Париз ќе биде последниот турнир на Ѓоковиќ.

  • Дали некој друг има впечаток дека Новак ќе направи се за да го освои златото на Олимписките игри, а потоа да се збогува со тенисот? Тој се уште е меѓу фаворитите за титулите на Ролан Гарос и на Вимблдон, но за ваквите резултати е потребна огромна жртва. Сè потсетува на 2002 година и Пит Сампрас, напиша Петчи на „X“.