Бразилскиот ММА борец Мишел Переира го освои светот со видео на кое спасува куче од вода и доби многу пофалби за добрата работа што ја направил, а ја прави со денови во областите погодени од поплавите во Бразил.

Бразилската држава Рио Гранде до Сул е погодена од огромни поплави. Огромен број луѓе останаа без покрив над главата, а „Би-би-си“ јавува дека се потврдени 147 смртни случаи.

Има многу луѓе од други делови на Бразил кои дојдоа да им помогнат на луѓето. Меѓу нив е и борецот на УФЦ, Мишел Переира, чие видео го воодушеви светот.

Освен што спасувал луѓе, спасувал и животни. Тој спасил огромен број кучиња кои биле заробени во поплавените згради.

  • Изнемоштен сум, но не можам да се изморам од помагањето на другите. Вакво нешто не сум видел во животот и избрав да бидам на „првата линија“. Ние сме со тебе, Рио Гранде до Сул. Многу се боревме претходните денови. Ако има некакво задоволство во овие тешки денови, тоа е спасување на овие животни. Сцените кои ги видов се застрашувачки. Вакво нешто не сум видел ниту во филмовите, но во едно сум сигурен – ќе победиме и во оваа борба, изјави Бразилецот.

Големиот борец веќе го постигна статусот на херој. Му пишуваат многу љубители на ММА спортот, кои се зачудени што прави овој борец.

  • Благодарам, шампионе. Господ нека те награди, е само еден од низата коментари на снимката на бразилскиот борец од поплавените подрачја.

Мишел Переира е 30-годишен борец кој веќе има одработено 44 борби во кариерата. Тој има учинок од 31 победа, 11 порази и два меча без натпреварувачки карактер.