Македонски државјанин, кој во Унгарија доживеал мозочен удар, со полициски хеликотер специјално опремен со медицинска опрема и со медицински тим, пристигна во Скопје.
- Од Центарот за уравување со кризи потсетуваат дека на 18 април преку Единствениот број за итни случаи 112, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК, пристигнало барањето за воздухопловен транспорт од Унгарија до Македонија на болното лице згрижено во болница во Сегед, Унагрија. На барањето било позитивно одговорено и по создавањето услови за безбеден транспорт, пациентот е превезен со хеликоптерот марка бел 412, во содејство со Министерството за здравство, соопштија од ЦУК.
Инаку, лицето било на службен пат во Унгарија и доживеало мозочен удар, по што веднаш било сместено и оперирано на Универзитетската клиника во Сегед, по што од таму денеска е транспортиран и е сместен на Универзитетската клиника во Скопје.