Екипата на Панатинаикос ја освои Евролига, седма во историјата и прва по 13 години и заминувањето на Жељко Обрадовиќ. Грчкиот гигант славеше во финалето со 95:80 против Реал Мадрид, а еден од најзаслужните за тоа е францускиот центар Матијас Лесор.

Тој постигна дури 26 поени против Фенербахче во полуфиналето, а повторно го задржа високото ниво во финалето против Реал Мадрид. Имаше 17 поени, но уште поважна улога имаше во одбраната, каде што го „затвори рекетот“, дури и кога играше со четири фаули, на работ на исклучување.

Третото место го освои Олимпијакос со победата над Фенербахче со 87:84.