Македонското репрезентативно крило, Ненад Костески, ќе подлежи на рехабилитација во наредниот период, по операцијата што му беше извршена на предните вкрстени лигаменти.

Костески го скина предниот вкрстен лигамент на десното колено во март годинава, по што мораше да замине на операција. Се очекува да биде надвор од терените 6-7 месеци, а негово враќање се очекува дури на почетокот од 2025 година.