Извоз на контаминирана почва со линдан од поранешен ОХИС

65

Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје, комплетно е завршена работата со чистењето на ЛОТ 3. Крајна дестинација на трите контејнери е фирма во Германија.

Исто така, денеска беа извезени и првите шест контејнери со отпад од линдан, во вкупна количина од околу 120 тони, од ЛОТ 4. Крајната дестинација на овие контејнери е фирма во Франција.

– За ЛОТ 4 се обезбедени средства и се очекува тој целосно да биде реализиран во наредните два-три месеци. Останува уште да се обезбедат средства за ЛОТ 5, со што целосно ќе биде расчистена малата депонија со линдан во кругот на ОХИС. Поголем проблем ќе претставува расчистувањето на големата депонија со линдан, која опфаќа и делови од Пеленица, за што ќе бидат потребни многу повеќе средства, кои допрва треба да се обезбедат – велат од Државниот инспекторат за животна средина.