„Гугл“ мора да избрише „милиони записи со податоци“ кои произлегуваат од инкогнито прелистување

414
EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Американската технолошка корпорација Гугл ќе избрише милијарди податоци за пребарување на интернет на корисници како дел од спогодбата со која ќе се стави крај на групната тужба против компанијата.

Условите на спогодбата беа објавени за прв пат во судска пријава во Сан Франциско, пренесува CNN (CNN).

„Гугл“ мора да избрише „милиони записи со податоци“ кои произлегуваат од инкогнито прелистувањето, се вели во документот.

Во колективната тужба поднесена во 2020 година, се наведува дека компанијата ги заведувала корисниците следејќи ја нивната активност на прелистување на Интернет кога користеле „инкогнито“ или „приватен“ режим во веб-прелистувачите како што е Chrome.

Кон крајот на декември 2023 година, компанијата се согласи на спогодба што во моментов чека одобрување од Окружниот суд на САД.

Според спогодбата, голем дел од податоците за приватното прелистување ќе бидат целосно избришани, „вклучувајќи милијарди податоци на ниво на настани што ги одразуваат активностите на приватното прелистување на тужителите“.

Google, исто така, е должен да ги избрише информациите што овозможуваат идентификација на податоците од приватното прелистување со редакција на податоци како што се IP адреси, генерализирање на низите на кориснички агенти и отстранување детални URL-адреси на одредена веб-локација.