Голманот Васил Гогов и во иднина ќе биде дел од најтрофејниот македонски ракометен колектив, тимот на Вардар. „Црвено-црните“ ќе останат без услугите на првиот голман, Мартин Томовски, кој одлучи да замине во Германија. Управата на клубот реагираше и успеа да најде заеднички јазик со Гогов, тој да остане во скопскиот тим. Тие договорија соработка до 2026 година.

  • Гогов е голман кој е иднината на македонскиот ракомет, и допрва ќе блеска. Вардар е задоволен од неговото напредување и е убеден во уште подобри игри во иднина. Досега, секогаш беше дел од голмански тим, каде што можеше да научи и да „украде“ од поискусните. Време е да добие поголема минутажа во иднина. Вардар секогаш е место каде што има шанса за докажување и за напредување – порача извршниот директор, Борко Ристовски.