Украинскиот боксер Олександер Усик со поделена судиска одлука го победи Тајсон Фјури во феноменалната борба на векот во Ријад и ги обедини сите титули во тешка категорија. Двајца судии ја оценија борбата со 115:113 и 114:113 во корист на Усик, додека еден судија даде 114:113 во корист на Фјури.

  • Одлична работа Олександер, ти си силен човек и многу добар боксер. Ти си мојот брат во Христос, рече Фјури, а потоа додаде:
  • Слушај, јас се подготвувам за тебе од кога те видов во 2008 година, кога стана европски првак, одговори Усик, по што Фјури повторно проговори:
  • Ти благодарам, брат мој. Ти си многу добар боксер. Го сакам твојот стил, одлични потези! Би сакал да дојдам во Украина со моите деца, за да имаме одмор заедно со нашите семејства. Слободно можете да дојдете и вие кај мене со своето семејство, ќе пиеме пиво после ова, изјави англискиот боксер.

Ретко кој имал ваков пријателски однос кога е во прашање боксот, бидејќи годни наназад во овој спорт има само препукувања меѓу борците, а неретко и смртни закани.