Момчето (12) кое е осомничено дека убил еден ученик и повредило две девојчиња во училиште во Финска, било жртва на насилство од врсници и полицијата смета дека токму тоа е мотивот за нападот кој ја потресе цела Европа.
Полицијата не потврди како момчето го донело оружјето на училиште. Локалните медиуми јавуваат дека момчето дошло на училиште со автобус, како и дека со автобус се обидело да побегне по пукањето.
Инспекторот Марко Сарка, кој е надлежен за случајот, не сакаше да ги коментира шпекулациите дека момчето однапред го планирало злосторството, ниту пак да открие детали за неговото семејство.
Полицијата денеска соопшти дека осомниченото момче се заканувало дека ќе убие и други деца што ги видел додека бегал.
Да потсетиме, момчето беше сослушано вчера, кога наводно го признал убиството. Бидејќи по закон не може кривично да одговара бидејќи е под 15 години, вчера беше предаден во Центарот за социјална работа, а се очекува неговото сослушување да продолжи денеска.
Инаку, момчето го употребило оружјето на негов близок роднина.