Драматични сцени од земјотресот во Тајван: Расте бројот на жртви и повредени, стотици се под урнатините/ВИДЕО

186
Фото: Printscreen X/Mia Riri

Разорниот земјотрес што утринава го погоди Тајван е снимен од надзорните камери на автопатот. Моментот на разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени во Тајван го снимила автомобилска камера на автопат во источен Тајван.

Како што може да се забележи, возилата запреле откако автопатот буквално почнал да се тресе. Од силината на тресењето автомобилите буквално потскокнувале.

Земјотресот што го погоди Тајван е најсилниот во последните 25 години. Според досегашните информации седум лица загинале, а стотици се повредени и заробени под урнатините. Ова е првичниот биланс на жртвите од разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди Тајван.

Најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години урна многу станбени објекти, мостови, а предизвика и свлечишта. Ширум островот се прекини во снабдувањето со електрична енергија и интернет.

Според првичните информации, земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а епицентарот бил на околу 25 километри од округот Хуалиен во источниот дел на островот, пренесува „Гардијан“.