Наградени литературни и ликовни творби на „Детски семафор“ – Битола

51

По 51. пат, Битола е домаќин на регионалниот натпревар „Детски семафор 2024″, кој се одржува во организација Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола и Народна техника, со поддршка на Општина Битола.

На свеченоста во Офицерскиот дом беа прогласени победниците и наградените ученици од претходно распишанниот литературен и ликовен конкурс на тема „Сообраќај“, кон крајот на февруари. На конкурсот за литературни творби се пријавија 54 ученици, а на ликовниот конкурс 123 ученици, во 3 возрасни категории. Во секоја категорија беа доделени прва, втора и трета награда.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им ги додели наградите на најуспешните ученици. Притоа, нагласи дека е многу важно да се јакне и применува сообраќајната култура од најмала возраст, со цел да се постигне поголема безбедност за учениците, но и за сите учесници во сообраќајот. На наградените ученици од ликовниот и литературниот конкурс, градоначалникот им посака уште многу успеси на сите полиња и желби да ја надградуваат својата креативност.

Настанот беше збогатен и со изложба од одбрани творби на учениците кои учествуваа на конкурсот, а наградените ученици ги прочитаа своите литературни творби.