Вардаровата легенда Иван Чупиќ ја завршува својата богата кариера. Тој најави дека пред него е последниот меч во кариерата како член на ППД Загреб, по што експресно ќе се префрли во тренерските води, како дел од стручниот штаб на Андрија Николиќ.

  • Во четврток го играм последниот натпревар во мојата кариера. Сакам да ја завршиме сезоната со двоја круна, а од петок ќе почнеме да се подготвуваме за следната сезона. Ќе останам во тимот, но како помошник, изјави Чупиќ.

Инаку, Чупиќ ќе остане запаметен кај македонската јавност со голот што му го даде на ПСЖ во последната секунда за европска титула, а воедно беше и дел од златната генерација на Вардар која освои два трофеи во Лигата на шампиони.

И покрај тоа што беше во бројни европски ракометни гиганти, како Рајн Некар Ловен, Киелце, сепак најдоброто во клупската кариера го доживеал во „црвено-црните“ редови.

  • Никогаш не сакав да бидам само случаен минувач, се стремев да бидам важен за клубот, соиграчите, тренерот. Само она на Левен не ми беше за паметење и брзо си заминав. А најубавиот момент? Во Вардар се чувствував како дома, тоа е единствениот град каде ракометарите се третирани како фудбалери. Сосема поинаква љубов. Го оставив Киелце, по европската титула, сите беа изненадени, а потоа доживеав пет такви години. Омилена титула во Лигата на шампионите? Последната секогаш е најслатка, заврши Чупиќ во интервју за хрватските медиуми.